Змејски песни


Ги опеваат змејовите како митолошки суштества, нивните карактеристики и односи со луѓето. Во народното верување змејот е машко дете што го родила жена која го носела подолго од обично. Се верува дека секој синор си имал свој змеј што го чувал од разни штети, а посевите од разни елементарни непогоди во времето на зреењето. Затоа тој е симбол на плодноста. 



Се верува дека постојано место на живеење на змејовите им се високите планини, каде што живеат во пештери и слични места. Во народните песни тие се опеани како големи љубовници, поради што девојките доброволно стапуваат во љубовни односи со нив. Тие имаат моќ за метаморфоза, па во разни форми (како облак, китка, подгрленце и сл.) се доближуваат до девојките, потоа грмнуваат, ги грабнуваат и ги носат во планините или во пештерите, со нив водат љубов, им се раѓаат деца и со нив живеат.


НИКОЛЧЕ
Де с' е чуло видело
Син татко на с'д да кара, 
К'то Николче татка си? 
Назад му р'ци врзал,
Чи го напрет коњ караше. 
На к'де го караши? 
По даии, по заптии. 
Една ми света недеља, 
Врвели што сја врвели, 
До нова чешма допрели, 
Николчу слези од коња, 
Да си очити умии.
Тјајко му Николу думаше: 
„Никола, сино Никола! 
Развржи ми р'цети, 
Да си очити умиа,
Чи е днеска света недеља, 
Да сја богу помоля.” 
Никола од коњ посегна, 
Дваш му р'цети застегна. 
Тјајко му Николу думаше: 
„Да даде господ, сино љу, 
Дур' да сја назад поврниш, 
Жина ти кам'к да стани,
Децата дребни змејчета,
Околу кам'к да пиштат!” 
Чи Никола у тех отиде,
И на врата похлопа;
Никој му врата не отвори, 
Тој погледна на цаклоту, 
Чи жина му кам'к станала,
И дечица п'стри змејчинa

КОГА ДА ХОДАТ НА ЦРКОВ НА ВЕНЧАЊЕ
Змех прелетал преку црно море, 
А пот криља змех што ми носеше? 
Ми носеше убаа девојка. 
Ми оделе тие што оделе, 
Колку дошле во гора зелена 
Негде је се студна вода спило, 
И говорит убаа девојка: 
„Ај ти тебе змеје горјанине! 
Мене ми се студна вода пиет.” 
И је велит змеа горјанина: 
„А егиди убаа девојка! 
Ајде слези долу пот планинче, 
Тамо имат два студни кладенци, 
Крај кладенци триста јаничари; 
Тие ке те тебе опитает, 
От кој сој и от која фара си; 
Да не кажвиш от која фара си, 
Дан те држат триста јаничари; 
Да се кажиш от голема фара: 
„Татко ми је Марко Кралевике, 
Вујко ми је Јанкула Војвода, 
Брате ми је Секула детенце, 
Стопан ми је змеа горјанина.” 
Како лепо што си ја научи, 
Си отиде убаа нееста, 
Тамо најде триста јаничари, 
Дури неа тие опитае, 
От кај сој е, и от која фара, 
Тие вода нејѕе не дадое. 
И им каза убаа невеста, 
Им се каза от голема фара: 
„Татко ми је Марко Кралевике, 
Вујко ми је Јанкула Војвода, 
Стопан ми је змеа горјанина.” 
Је зедое две злати маштрапи. 
Је дадое нејѕе студна вода, 
Ја пуштие назот да си оит, 
Ја пуштие и ја попратиа, 
Зашто беше от голема фара.

СТОЈНА
Стојна ми змеа љубила 
Јbубила што го љубила
За дванаесет години;
Никој ја Стојна не узна, 
Дури се сама казала; 
„Мајко ле мила мајко ле! 
Излези надвор, да видиш, 
Да видиш чудо големо
Стојна ми змеа љубила
За дванаесет тодини,
Никој ме, мајко, не узна.” 
Дури излезе мајка је, 
Тука си Стојна не најде;
Шарен је гајтан догледа 
Меѓу две темни облака.

ТРАНДАФИЉА И ЗМЕХ
„Море моме Трандафиле! 
Што се вршиш не се м'жиш, 
Три години шес прстени?” – 
„А друженки неверници!
Што ме мене не вервите?
Змех ме љубит три години, 
Ја не можам да г' одељам.”
„Море моме Трандафило, 
Ја појди си во градина, 
Да набериш грмотрње; 
Та појди си нови пазар,
Та купи си ново грне,
Да и вариш спроти стреда,
Да и пиеш спроти петок; 
Така да се змех оделит.

ЃУРО
Два са змеја во планина бијат, 
До две реки черни крви течат;
И крајот е до черна темница, 
Во темница Ѓуро добар јунак,
В р'це држи пиле соколово, 
Прсти крши сив сокола храни,
С'лзи рони сив сокола пои,
И ми дума Ѓуро добар јунак: 
„Ој та тебе пиле соколово!
Не та рана гољам да порастеш,
Но та рана дома да та прата;
Та да видеш моите дворове,
Запустели, со пелин обрасли.” 
Отговарја пиле соколово:
„Сношти минах крај твоите двори, 
На сред двори едно сухо дрво,
На дрвото до три кукавици.
Прва кука ми е онемјала,
Втора кука ми е присипнала,
Третја кука и ми погледва.”
Отговарја Ѓуро добар јунак:
„Дето кука, та е онемјала, 
Таја ми е мојта стара мајка,
Дето кука ми е присипнала,
Тја ми е мојата мила сестра, 
Дето кука и ми погледва, 
То ми е моето прво либе.”