ПÆОНИЈА


Територијата на денешната Република Македонија и делови од териториите на соседните држави Бугарија и Грција кон крајот на 2ри и во текот на 1от милениум пред н.е. биле населени со пајонски племиња. 

Историчарите на антиката оставиле многу малку податоци за пајонските племиња и воопшто за популациите кои што го населувале Балканот. Пајонците прв ги споменува Хомер, а потоа информациите за нив се среќаваат во делата на Херодот, Тукидид, Страбон, Ливиј и други автори. Затоа, обидите да се реконструира пајонската историја, главно се прават врз основа на податоците што тие ги оставиле.

Првите податоци за пајонските племиња се среќаваат кај Хомер. 

Во Илијадата, во каталогот на корабите, како сојузници на Тројанците се споменуваат “Пајонци со криви лакој, кои ги водел Пирајхме од широкиот Аксиј”. Во 10тата книга повторно се споменуваат “Пајонци со криви лакој”, покрај останатите тројански сојузници. Среќаваме податоци за низа јунаци, од кои што по смртта на Пирајхме особено се истакнал Астеропај, кој ги водел Пајонците со долги мечеви и копја, а доаѓа од бреговите на плодна Пајонија. Пирајхме бил оној кој ги водел Пајонците со криви лакој и борци на коли.

Хомер географски ја локализирал Пајонија кога го споменува и пајонскиот град Амидон.
Наодите од материјалната култура можеме да вброиме во раното бронзено време, вбројувајќи ги сеопфатните истражувања на W.A. Heurtley – Prehistoric Macedonia (1939), кој го истражувал долниот тек на Аксиј во триесетите години на 20от век.       

Подолго време на науката стои отворено прашањето дали областите на Скопје и посеверно влегувале во составот на пајонската држава или биле населени со други племиња.
Според Ф. Папазоглу територијата на Скопје најверојатно била населена со Трибали, пред од таму да ги изгонат Дарданците. Според Меркер, Скопје односно Скупи претставува северна граница на Пајонија.

За границите на простирање на пајонските племиња и подоцна на пајонската држава утврдена е пајонската територија од времето на Хомер до 3от век пред н.е.

Елеонора Петрова, Пајонските племиња и Пајонското кралство во 2 и 1 милениум пред н.е.
Macedoniae Acta Archaelogica
Број 12 1990-1991