Тумба думба дивина






Во близина на Македонскиот град Свети Николе се наоѓа тумула со импресивни димензии 85x45m, ориентирана во линија Север - Југ, на која што е запишан огромен ГЕОГЛИФ  - elipsa nalik na kosmiчко јајце со некаков си симбол во неа, pronajden kako nejasen симбол од Линеарното Б писмо, кој што се чита и како запис од писмото од средниот текст на Каменот од Розета. По сè изгледа дека станува збор за револуционерно откритите на широк спектар од импликации кое што силно ќе ги потресе темелите на антиката и теологијата, а со самото тоа и разбирањето на редот на вредностите во друштвото како целина. Преку преглед на сакралниот симболизам, древните мудрости, народните обичаи и исконската теологија, кои што биле познавани и од големите мајстори на животот  - градителите на оваа тумба, се обидовме да го утврдиме симболичкото и метафизичкото значење на овој прастар и пресвет обреден рид, т.е.ја дефиниравме херметички напишаната порака за човештвото, запишана на истата таа тумба со некаква елипса со стрелка и линии внатре. Самото битисување на древните допира и до нас, преку извори за кои што сепак не е време да се пишува, и е нешто  непознато за материјалистичкиот начин на размислување и линеарното сфаќање на односот помеѓу човекот и природата, односно Вселената. Древните јунаци, славните предци и духовни водачи биле на сосема различна фрекфенција од денешното материјалистичко поимање на нештата, па за да можеме да ги одгатнеме пораките оставени од дамнешните генерации, мораме да го знаеме начинот на кој што ги формирале своите увиди во природата на стварноста, односно во самиот табиет на сè општото и сè  присутно, целовито постоење. Тоа секако не е материјализамот кој што сепак  претставува опасно духовно застранување.

 
Ова писание, симбол запишан на тумбата, се наоѓа под прав агол во однос на небесниот и земен екватор, а правиот агол е агол на кралевите. Преку Македонската транскрипција на средниот текст на Каменот од Розета, се чита На А Воо Ѕе - На Првата  (Врховна, Мајкa) од ПрвоРодениот Син. При дешифрирањето, утврдена е и ЅееА, Белата Зора. Имале две Врховни Мајки, Небесна и Земна. Ѕе е младото Сонце, ПрвоРодениот Син. Го симболизирал Животот,  токму како Сонцето. Ка е змеј, бог на здравјето, брат на Ѕе, заштитник на оние од Горна Земја. Ден денес, кога се поздравуваме со здраво живо и обратно, ги повикуваме Ѕе и Ка.
Таканареченото современо, научно спознавање и толкување на митологијата на старите цивилизации како намерно да го одвлекува вниманието пишувајќи го како зевс, зеус, ѕеус. Веројатно поради некакво сеуште неразјаснето редефинирање на начинот на кој што ги пресметуваме времето и просторот. Бидејќи Е спираловидно, а не линеарно, Ѕе у сè едноставно ни го враќа споменот за нешто од пред многу време, ЅЕ=ПрвоРодениот,Пророк,ОнојКојШтоГледаСè,ГолемотоОко. Буквата Ѕ денес ја има само кај нас, чиста реминисценција на ЅЕЛО од глаголицата  - значи сепак Е циклично, а не праволиниски.



Ако погледнеме на небото, можеме да ја спознаеме јасната слика, огледана од земјата - соѕвездието Касиопеја и нејзиното вртење околу Северница се поврзани со нашето ридче со елипса и стрелка на него. На Север од овде е Кокино, а на југ - Алшар. Македонците од Алшар ваделе минерал посјаен од златото. Лорандитот сеуште го има длабоко во Мајката Земја. Од Кокино го набљудувале Таткото Небо. Соѕвездието кое што секој ден врти полн круг околу Поларис, највисоката точка на небото, се мести под прав агол со Северница на едно од изгрејсонцата кога почнува астролошкото владеење на Лавот. Александар Македонски починал на 11 јуни 323 пне, а бил роден 356 пне, во истиот период кога во 2012та на небото се случува огледална слика на нашиот геоглиф. Портата на Лавот, денот кога е роден Светиот Цар Александар е денот кога соѕвездието narечено Небесна Кралица со име Касиопеја - според некоја си митска етиопска кралица (имале титули Македа, митовите се пре/на/до пишани) стои под прав агол точно на изревањето на Сонцето - 21 јули 2012та. (www.stellarium.org). Помеѓу датумите на смрт и раѓање на Александар има 40 дена. Откако умрела Семела, Земјата, толку време поминал Дионис скриен во татковото бедро. Бедрото каде што бил зашиен за одново да биде роден има големо сексуално значење и улога на матка. Следејќи ги иницијациските ритуали, оној кој ќе стане Господар на древните мистерии го добива своето второ дозревање. Бедрото директно се поврзува и со симболизмот на пештерата или шупливото дрво, однадвор гледано се смета за столб, истовремено симбол на издигнувањето и силата. Бидејќи Оската поминува низ Папокот, во различни димензии. Поставеноста на форма на небото под прав, кралски агол со најсеверната точка на истото е егзактна астротеолошка алегорија на воскреснување на Непобедливиот Крал Сонце од подземниот свет на мртвите. Низ Портата поминува истиот крунисан лав од древните Македонски грбови.
Откако се скрил околу Ѓурѓовден за да се видат Плејадите, самодивите со расплетени коси, косоплеји, небесниот џин Орион (именуван и како КандаОн – пеонски  бог на војната) се појавува на сводот во истиот период кога над тумбата се мести исправено Касиопеја.