Канда го знаеш, канда не го знаеш, ама дефинитивно е КандаОн.

Кандаон им бил бог на војната.


Кандаон е синоним за Орион, во некои извори и за Херакле. Пеонците кои што живееле на овие простори имаат монети со еден од дванаесетте подвизи на Херакле, оној со немејскиот лав.

Ги има ко стрелци со криви лакови, силни војници на страната на Троја во Илијадата. Биле со Александар до Индија ко негова лесна коњаница, генералот Аристон се покажал ко ѕвер во битката кај Гавгамела, брутално сечејќи глави. Аристотел и останати древни умови пишуваат за некој огромен бик, бизон во реонот на Пајонија. Дропион, еден од последните управувачи на ретко спомнуватото племе, испраќа подарок до Пророштвото од Делфи, во чест на дедо му Аудолеон (кој што мистериозно поместил тек на река за да го скрие богатството пред да умре, навидум чудно наведена како Саргентиос) – скулптура, глава од бизон. Била Зора, лоцирана на неколку километри од посветата за Врховната Мајка последен пат се спомнува во 2век п.н.е., 168г е запалена. 20 години подоцна, во 148г п.н.е. по втор пат откако веќе генералите се поделија на четири, пророштвото на Даниел за четирите рога од тој на јарецот се исполнува.

Тумба, думба, дивина!



 Пред 2160 години Македонија и официјално е Римска провинција. Потребни се 2.160 земни години за пролетната точка да помине низ еден цел зодијачки знак и да влезе во друг. Тоа е еден голем месец. Дванаесет такви е една голема година. Точно онолку, колку и е потребно на Земјината оска да направи цел круг околу оската на еклиптиката (голем круг од небеската сфера чија што рамнина минува низ дванаесетте соѕвездија).


На санскрит,  канда значи крај, конечно а а’канда – бесконечно. Во индиската јога, канда е точката која што е астрален корен на човековото тело и главен канал за проток на енергијата. На латински, canda значи белина, а на турски – крв.