Утопија 2013

Утопија

утопија мн. утопии Вид збор: Именка, женски род Неостварлива мечта, мисла, замисла, желба.


Што е Утопија? Дали таму луѓето се почитувале и взаемно ги уживале благодетите на природата? Можеби поимот е изместен од на ионака изместените граници на репортерите и книгата насловена Утопија може да ни донесе нови моменти во доживувањето на секојдневието?

И покрај тоа што во Утопија се презентирани филозофските и политичките убедувања на Мор, изгледа како целиот свет да ја има пропуштено поентата на книгата. Самиот збор Утопија продолжува да е синоним за оптимистички, но сепак непрактични идеали за реформа. Сер Томас Мор бил векови напред пред своето време, што претставува една од причините зошто неговите современици не успеале да го почитуваат.  Тој припаѓа на времиња кои што уште не дошле, време кога очајот на луѓето од дилемите со кои што се сега соочени преку она што за нив е практично, ќе се претвори во решенија кои што сеуште се дефинирани како непрактични.

Поставените стандарди од она што е прифатено како начин на управување со трудот на населението се основани на поредок кој што веќе со сигурност не е во можност да продолжи да контролира нешто што е дадено како природно право. Бидејќи природното е и нормално, разбирлива е надежта за остварување на мечтите и желбите од генерациите што живееле на овие простори. Штом уште од ран неолит имале организирани населби и управувани заедници, а тоа било продолжено и во раната антика, насилната поделба со ѕидови пред точно еден астрономски циклус успеала да го спречи ширењето на оваа древна култура, но вековите од тогаш до сега не избришале сеќавања силно врежани во колективната меморија и гените на наследниците на овој стар народ. Природата овозможила и повеќе од доволно за кој и да живее овде да може да има надеж дека сепак, она што колективно е прифатено како непрактично, конечно да може да се погледне од друга точка на перцепција и по соодветното аплицирање на моменталната состојба, дури и да се апсолвира како решение за вештачки креираните проблеми. Делувањето на начини различни од колективните мејнстрим норми е сè попотребно, а поставувањето на општествените стандарди според идеалите на древните сонувачи е неопходно.

Дали сите тие древни идеали на илуминизираните спасители и мудреци имаат нешто општо со маскираните дисторзирани продукти од “реализмот” на денешницата?

Низ целиот свет безброј мажи и жени се притиснати од невидлива сила – од бездушниот културен систем на секојдневието. Сите тие очајно се надеваат за промена, сонуваат дека можеби забранетата убавина и чистина ќе бидат заменети од нешто практично, во највисоката и вистинска смисла на зборот. Ретки се оние што можат да спознаат дека таканаречената цивилизација во нејзината денешна форма е пред исчезнување; дека студенилото, бесчувствителноста, комерцијализираната материјална ефикасност се непрактични, и дека важно е само она што нуди израз на вистинската натура на човекот - можноста за експресија и практикување на љубов и вистински идеали.

Едноставно - сè што му треба на овој свет е среќа, но човештвото како да не ја познава насоката каде што истата треба да ја побара. Луѓето треба да научат дека среќата е круна на човечката потрага по разбирање. Само преку реализација на бесконечната добрина и вечниот успех може да се обезбеди мир на внатрешното Јас.

И покрај геоцентричноста на човекот, постои нешто во човековиот ум што се обидува да достигне до филозофијата – не до овој или оној код, или преку некаква техника, туку едноставно до филозофијата како љубов кон мудроста. Само древните мистерии како свети образовни институции за мудрост можат да го оттргнат превезот кој што го разделува светот на причините од светот на последиците. Човештвото и неговата борба за преживување треба да бидат повлијаени од вистинските возвишени принципи поради кое што истото всушност постои. Така цивилизацијата ќе го спознае прекрасниот универзум кој што е вистински дом на спиритуалното суштество наречено човек.

Современиот начин на перцепирање има потфрлено, поставувајќи параметри сврзани само со интелектуалниот процес. Материјалистичката мисла е безнадежна како кодекс, исто како и комерцијализираното секојдневие. Моќта да се размислува вистински – во балансиран сооднос со чистината на душата, е вистинскиот спасител на човештвото. Митолошките и историските спасители, откупувачи на туѓите гревови од различните ери и епохи биле само персонификација на таа моќ.

Тој што е малку порационален од неговиот сосед е и троа подобар од истиот. Тоа важи и за ближните, но и географски. Оној што функционира на повисок степен на рационалност отколку останатиот свет е определен да размислува за повозвишени нешта од останатите. Оној што функционира на ниските нивоа е определен како варварин. Компаративниот рационален развој е вистинската мерка за индивидуалниот еволутивен статус. 



Густата балканска историја ја одразува длабочината на продолженото влијание на :балканизмот: во историјата. Интернационалното поимање за жителите на целиот балкански полуостров зависи од автореферентниот дуализам кој зафаќа сè поголем дел во сликата за капиталистичката Грција. Без надминување на застарените кодекси на управување, новото време ќе биде саботирано од недостатокот на чиста намера кај потомците на претходните.

Сеќавањата на Румелија и на вистинското значење на терминот “црно злато” за питите катран од нашите баби и дедовци, со втиснати печати од наполеончиња и останати монети се само момент од влијанието на природата врз колективното доминирање на материјалното. Спомените за флора и фауна на овие простори, но во состојба која што споредена со денешната е на повисоко ниво, претставуваат потсетување за капацитетот на природата од која што потекнуваме.

Бидејќи, што повеќе може една Република да побара отколку можноста да го докаже она што навистина е - вистинскиот сон што ги инспирира нејзините жители? Визијата што ги води во секојдневието? Нејзините граѓани немаат никакво право да бараат мудрост. Во чие име молиме за разбирање? Преку чиј авторитет наложуваме среќа? Утопијанците ги распоредуваат вистинските задоволства во две категории: ментални и физички. Нема потреба од побарувања, ниту пак некое Божество се наведнува надолу за да му ги пружи на човека потребите. Луѓето се дел од Природата, која што додатно дала подарок – да можеме да работиме. Преку трудот човекот ги спознава сите нешта и учи во секојдневието. Почитувањето на трудот на останатите луѓе, и здружување на силите за колективни и хумани цели се нивоа кон кои што денешната утопија треба да се стреми. Бидејќи, реалноста е таа – каква и да е судбината, Македонија е Вистината. Бидејќи стариот пат остаре, нема веќе тебе лага мене вистина... за времињата кога сите се менуваат.