Кои
сме ние? Од каде доаѓаме? Зошто сме сега тука? Дали древните гени на
цивилизациите кои што живееле овде се присутни и во нашата? Зошто имаме
дупки во историјата?
Целиот свет се плаши од Македонија, или Македонците се плашат од самите себе, прашање е сега…
Ако
сме присутни во некој град и погледнеме во небото, нема да можеме да го
добиеме ни приближното чувство кое што го имале нашите баби и дедовци,
камо ли она на генерациите пред нив. Наместо ѕвездите, денес ни светат
многу вештачки светла, реклами, “модерни” изуми на човештвото. Истото
тоа човештво се размножува до лудило. Пред 60тина години, на планетава
живееле неколку пати помалку луѓе отколку денес. И пред Тројанската
војна, Гаја (Мајката Земја) се пожалила дека премногу луѓе живеат на
неа. Античката историја почива на приказните од Илијадата и Одисејата, и
до ден денес пренесува информации кои се и те како аналогни со
современите случувања.
Антиката е временска рамка во науката, а древноста е нешто што сепак не е
опишано од толку развиениот, современ, модерен, умен, прониклив,
напреден човечки ум.
Сумерија, Месопотамија, Египет, Феникија, стари цивилизации…на списокот очигледно недостига мајката на светот – Македонија.
Во Египет, место викано Розета, војниците на Наполеон тренирале стрелање
врз древните египетски артефакти. Пронашле еден камен, кој што денес е
основа за читање на писанијата од големите фараони на реката Нил. За ова
се слави Шамполион, според неговиот труд се “декодирани” записите на
три писма од каменот, па денес цел свет му верува нему. За да дешифрираш
нешто старо велат, би било пожелно да си лингвист. За волја на
Вистината, Шамполион, кој течно говорел и пишувал 4 јазици, бил
полиглот, а не лингвист. За Египет и огромните градби таму, нè учат дека
се од неколку илјади години пред нашата ера. Современите софтвери за
набљудување на движењата на небеските тело потврдија дека сфингата гледа
кон соѕвездието Лав точно на изгрејсонцето на пролетната рамноденица –
10,948 години пне. Значи, пред 13,000 години, огромниот објект со тело
на лав гледал во истоименото соѕвездие. Новите палеометеоролошки
истражувања докажаа дека на сфингата се наоѓаат одводни канали. Земајќи
во предвид дека повеќеилјадните поројни врнежи во Египет завршиле некаде
околу 5,000 години пне, се појавува прашањето – кога навистина била
изградена огромната сфинга, и во кој период од постоењето тие одводни
канали биле на помош на човештвото? Старите египетски папируси говорат и
за династии кои што живееле скоро 30,000 години пред нашата ера. Додека
ни ги полнат главите со еволуираниот мајмун, читањето на старите записи
прераснува во револуција. Се осознаваат нешта кои што ги нишаат и онака
лабавите темели на светската историја. Историјата ја пишувале
победниците, а митовите рајата. Народот сè повеќе чита, не само книги,
туку чита и од колективната свест, а проблесоците од колективното
несвесно се сè почести и посилни за човечкото мозоче.
Во
последните 200 години лингвистите не откриле ништо. Занемарувајќи го
описот на Шамполион (средниот текст од Каменот од Розета – горниот текст
го одредил како старомакедонски, долниот како ново македонско писмо) ги
помешале нештата. Rosetta Stone денес е софтвер за учење на јазици,
како симболика за големото знаење на древните цивилизации. Но,
египтолозите полека но сигурно утврдуваат дека древниот египетски јазик е
сепак поблизок до древниот “пра-протословенски” (читај: Македонски), а
не до арапскиот, како што се сметаше до сега. Големиот труд на
научниците Тентов и Бошевски (кои исто така не се лингвисти – користат
алгоритамско читање, кое ако е аплицирано на повеќе древни записи, сепак
работи со голема степен на успешност и јаснотија) веќе не се дискутира
во лулката на пра-словенството – Русија. Таму, според нивните експерти,
старословенскиот јазик има корен во писмото од средниот текст на каменот
од Розета. Ова дешифрирање е веќе апсолвирано. Во Египет нема никакво
игнорирање, напротив – до толку се допрени ‘покриени’ периоди,што сакаат да соработуваат. Египетските научници од областа на демотската писменост велат: “Има
нешто во вашиот превод, потполно различно на единствените транскрипции
досега. Би можеле да го ословувате како Македонско писмо, бидејќи во тоа
време фараоните биле од Македонската династија.”
Со
оваа транскрипција за прв пат допираме директно до древниот македонски
јазик. Читајќи ги зборовите, согледуваме дека иако се читаат обратно од
денес – од десно на лево, одекнува сличноста со нашиот денешен јазик.
Нашите древни ги именувале земјите по творецот на истите. Во историјата
преживеале грчките варијанти на имињата. Нашите им давале прекари.
Откриен е цел пантеон на богови, кои што имаат место и во други
пантеони.



