Најголемиот Пајонски град Бела Зора во античките извори се сретнува два пати кај Полибиј, со детални описи на приодните патишта кои водат од Македонија во Дарданија. Според Полибиј, градот имал поволна местоположба на самиот влез од Дарданија во Пајонија, така што Филип Петти освојувајќи ја во 217 год. п.н.е., ја обезбедил својата држава од упадите на Дарданците. Бела Зора била значаен воен центар сè до последните години на македонското владеење на овие области. Тогаш се споменува кај Ливиј, во врска со последната римско - македонска војна, кога "Персеј ги повикал Галите кај Билазора". Кај Ливиј се среќава последното споменување на овој град во историските извори, со запишана 168 год. п.н.е.
...во текот на 4 век п.н.е. Аполон станува единствена аверсна претстава на парите на пајонските владетели Ликеј и Патрај. Освен основниот атрибут врзан за Аполон како бог на сонцето и светлината, било познато дека едно од животните со кое што најчесто бил поврзуван неговиот лик и појава бил волкот. Оттука произлегува и честиот Аполонов епитет Ликејос (волчји).
Покрај претставите на волк и лав на постарите примероци на пари на Ликеј, ги среќавамеи на тетробол најден во близина на Штип кој уште повеќе ја потенцира поврзаноста на Ликеј со претставата на волкот.
...
Постои уште еден Пајонски бог кој го репрезентира сонцето. Тоа е Кандаон или Кандавон, кој според некои автори, бил Пајонски Хелиос. Неговото име упатува повеќе на потсилување на соларното отколку на почитување на паралелно божество.
- Елеонора Петрова, Пајонија во 2 и 1 милениум п.н.е.